Анѓушев: Економијата во фокусот, а изборите само дефокусираат
Фокусот на Владата оваа година ќе биде фокусирана на економијата, а подготвителните активности направени лани веќе вродуваат со плод и даваат резултати и во делот на приватиот бизнис, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за МИА.
За барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, вели дека сите избори негативно влијаат врз економијата, бидејќи во тој период целата држава се фокусира на нив.