Демократите не го прифатија новиот предлог на Трамп, тој не се откажува од ѕид кон Мексико
За Демократската партија таквата понуда е неприфатлива, објавија светските новински агенции. Во обраќањето од Белата куќа, Трамп изјави дека нуди „разумен компромис, кој би требало да го прифатат двете страни“. Тој додаде дека би пружил заштита не само за младите кои како деца се доведени во САД, туку и за лицата кои имаат привремен заштитен статус откако побегнале од земјите погодени од природни катастрофи или насилство.
Демократите го критикуваа предлогот уште пред Трамп официјално да го објави со образложение декла тоа не е трајно решение за имигрантите. Тие исто така бараат од Трамп да ја одблокира работата на Владата пред да почнат преговорите.