СДСМ реагира дека не е точно оти Законот за јазици е неуставен
Од СДСМ реагираа денеска дека не е точно оти Законот за употреба на јазиците е неуставен како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ по поднесената иницијатива за оцена на уставноста на Законот од страна на опозициската партија наведуваат дека законот ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година.
Според владејачката партија, објавувањето на законот во „Службен весник на РМ“ без потписот на претседателот Ѓорѓе Иванов, е поради тоа што тој го прекршил Уставот, бидејќи бил должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.