ЕУ со санкции против руски и сириски државјани
Министрите за надворешни работи од ЕУ одобрија таргетирани санкции против руски и сириски државјани и правни лица осомничени за вмешаност во хемиските напади. На денешниот состанок во Брисел, министрите одобрија замрзнување на имот и забрана за издавање визи за четири руски и петмина сириски државјани и за едно сириско правно лице. Се очекува денеска да биде објавена листата на погодените од санкциите, кои беа воведени како резултат на употребата на хемиско оружје за која се сомничи сириската влада, како и за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Англија во март 2018 година.
Санкциите беа одобрени на 16 јануари од амбасадорите на ЕУ, а денеска беа потврдени на министерскиот состанок.