Русија најави одговор на новите санкции на ЕУ
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска изјави дека новите санкции од страна на ЕУ не се важни и додаде дека Британија не обезбедила доволно докази за вмешаноста на руски државјани во нападот на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Москва има право да одговори со соодветни мерки на непријателскиот чекор.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ги одобрија санкциите за двајца припадници на руската разузнавачка служба, како и за двајца британски државјани кои се осомничени за нападот со нервен гас на Сергеј Скрипал.
Тие исто така одобрија и замрзнување на имот и забрана за издавање на виза за влез во земјите од ЕУ на четворица руски државјани, петорица Сиријци и една сириска фирма кои биле вмешани во извршувањето на напади со хемиско оружје Меѓу оние врз кои ќе бидат спроведени санкциите се и шефот на руската тајна служба, Игор Костјуков и неговиот заменик Владимир Алексејев.