Ослободена белоруската придружничка и „секс тренер“ позната како Настја Рибка
Белоруска придружничка која себе се опишува како тренер за секс и која тврди дека има докази за руската вмешаност во американските претседателски избори во 2016 година, беше ослободена од полициски притвор, велат адвокати.
Анастасија Вашукевиќ, која исто така е позната како Настја Рибка, беше ослободена денеска заедно со нејзиниот менотр Александар Кирилов, објави државната новинска агенција ТАСС цитирајќи ја адвокатката на Кирилов, Светлана Сидоркина.
„Тие едноставно го ослободија нашиот клиент и Вашукевич од изолација“, рече Сидоркина. Таа рече дека двајцата остануваат осомничени во случајот против нив по пбвиненија поврзани со проституција и им беше наредено да се појават на закажани сослушувања.
Развојот на ситуацијата доаѓа скоро една година откако Вашукевич стана фокус на геополитички скандал кога непријателот на Кремљ, Алексеј Навални, објави фотографии и видеа, кои таа ги објави на Инстаграм на кои е прикажана заедно со тајкуните поврзани со Кремљ, Олег Дериспаска и Сергеј Приходко – руски заменик премиер во тоа време и долгогодишен поранешен советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин.
Вакушевиќ и Кирилов, познат како Алекс Лесли, подоцна беа уапсени во тајландскиот ресосрт на плажа Патаја и поминаа околу девет месеци во притвор за обвиненија за регрутирање за обезбедување на сексуални услуги, пред да бидат ослободени и депортирани на почетоктот на овој месец.
По пристигнувањето во Москва, двајцата беа уапсени на аеродромот во Шереметјево, каде Вашукевич беше спречена да патува во Белорусија и беше третирана грубо од страна на службениците.
Таа и Кирилов се обвинети за сомневања за вмешување на други лица во проституција, а судот на 19 јануари нареди да бидат задржани уште 72 часа. Очекувањата беа дека таа ќе биде затворена на подолг временски период додека го чека судењето.