Путин - „Останува работа“ пред постигнување мировен договор со Јапонија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „останува работа“ пред Русија да може да постигне мировен договор со Јапонија за формално завршување на Втората светска војна.
Путин денеска зборуваше во Москва по разговорите со со јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој рече дека тој и рускиот претседател ја портврдиле својата решеност да најдат решение за деценискиот територијален спор.
Абе исто така рече дека министрите за надворешни работи на двете земји закажеле средба во февруари, на која ќе разговараат за спорот за четирите најјужни острови во синџирот Курилс, кој се протега од Хокаидо во Јапонија до рускиот Полуостров Камчатка.
Советските трупи ги заземаа островите во последните денови од Втората светска војна, а Токиот одбива да го признае суверенитетот на Москва на островите, поради што има застој на мировниот процес од 50 години на минатито век.