Тимошенко најави кандидатура за претседателка на Украина
Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во март. Тимошенко, која беше премиерка на Украина од 2005 до 2010 година, го обвинува сегашното украинско раководство дека е одговорно за релативно ниските плати и за долготрајниот судир на истокот на земјата.
„Во војната добро заработуваат. Многу се задоволни од оваа ситуација“, вели Тимошенко. Таа Украина ја опиша како најсиромашна држава во Европа и една од најкорумпираните на светот.
„Странските инвестиции практично не постојат“, изјави таа ветувајќи „нова ера на успеси, среќа и благосостојба.“