Утре обилни врнежи од дожд и снег
Македонија утре ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни.
Локално, како што информираат од УХМР, се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
На повеќе места ќе има врнежи од снег иќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри.