Кривична пријава за кумановец кој преку Фејсбук повикувал на насилство над пратеници
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од кумановското село Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, на негов профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил текст со заканувачка содржина со кој повикувал на насилство кон пратеници.