Хан им дал предлог на Тачи и Вучиќ за таксите и чека одговор
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан соопшти дека на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи им доставил предлог за решавање на „релевентните трговски прашања“ и дека очекува позитивен одговор, кој според него би бил основа за можно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
„Двајцата го разбираат мојот предлог… и во следните неколку дена од нив очекувам позитивен одговор. Тие сфаќаат дека Косово и Србија мора да седнат на маса за едноставно да ги надминат овие, ајде да ги наречеме, трговски иритации, што е основен услов за продолжување на конкретните разговори и конкретниот дијалог“, изјави Хан во интервју за телевизијата Н1.