СОНК и КСС најавија голем социјален протест во сабота во Штип
СОНК и Конфедерацијата на слободни синдикати денеска најавија голем социјален протест во сабота, на плоштадот „Слобода“ во Штип каде ќе побараат покачување на платите во јавниот сектор, согласно процентот за колку е зголемена минималната плата, потоа исплата на К- 15 за јавната администрација и да се стопира тансферот од јавен во приватен сектор.
Организаторите ги повикаа ресорните министри да дојдат во Штип за да слушнат какви се состојбите во јавниот сектор и во образованието и да ги слушнат барањата на синдикалците и работниците, кои сметаат дека барањата им се легитимни и согласно законите.