Намалување на роамингот во Западен Балкан од јули 2019?
Во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан ако се постигне договор до април 2019 година, и веќе во 2021 година не би се плаќал воопшто, рече денеска во Брисел
генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, обраќајќи им се на учесниците на втората рунда преговори за нов регионален договор за роамингот.
„Ако сакаме луѓето да го препознаат вистинското влијание на нашите напори за промоција на регионалната соработка, тогаш овој договор треба да го потпишеме во април“, изјави Брегу.
Таа додаде дека на ЕУ и требаа десет години да го воведе концептот „роаминг како по дома“, додека земјите од Западен Балкан имаат амбиции и храброст ова да го завршат за две и пол години.