Влада: Со договорот од Преспа светот доби нов модел за пријателство
Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.
"Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите. Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него", стои во соопштението.