САД именуваа свој претставник во Венецуела
САД и повеќе од десетина латиноамерикански држави, Канада и Обединетото Кралство, го поддржаа Хуан Гуидо, кој го предводи Националниот конгрес на Венецуела - откако сам се прогласи за легитимен претседател. Во исто време, оспорениот претседател Николас Мадуро не покажува дека е подготвен да се откаже од власта и вели дека е демократски избран претседател.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Венецуела, а на средбата ќе присуствува и американскиот амбасадор Мајк Помпео. Николас Мадуро денеска објави дека неговиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареза, ќе замине во Њујорк на состанокот на Советот за безбедност на ОН