Најмалку 18 мртви во експлозија на две бомби на Филипини
Најмалку 18 лица загинале, а 83 биле повредени во експлозија на две бомби експлозии за време на служба во катедрала на јужниот остров Јоло на Филипините, соопштија полицијата и воените власти.
Регионалниот воен портпарол Гери Бесана изјави дека првата експлозија се случила за време на служба во катедралата во градот Џоло, на 1000 километри јужно од главниот град Манила. Вторатасе случила на паркингот надвор од црквата, во време додека безбедносните сили реагирале на првичната експлозија. Островот Јоло веќе подолго време е цел на насилства за кои се обвинуваат милитантите на Абу Сајаф, кои се сметаат за терористичка организација.
"Мотивот е сигурно тероризам. Тоа се луѓе кои не сакаат мир", изјави Бесана.