Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Австралија опен
Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го победи Рафа Надал во финалето на Австралија опен и ја освои својата 15. грен слем титула. Српскиот тенисер лесно го совлада Надал, во три сета со 6-3, 6-2 и 6-3.Ова е седма титула на Новак Ѓоковиќ на Австралја опен. Ова беше и трет освоен грен слем по ред за Ѓоковиќ, по Вимблдон и УС Опен.