Изборот на новите амбасадори зад затворени врати
Собраниската комисија за надворешни работи на кои беа призентирани новоименувате амбасадори денеска се одржа зад затворени врати. Пратеникот Емил Димитриев на седницата посочи дека 25 години потенцијалните амбасадорите ги бранеле своите тези на отворени седници и дека ваквиот потег отвара сомнеж што се крие од македонската јавност по што ја напушти седницата. Пратеничката Ивана Туфекџиќ која претседаваше со комисијата изјавила дека седницата е затворена зад јавноста по барање на МНР затоа што материјалите кои требало да ги разгледуваат биле класифицирани со степен на доверливост.
„И од тие причини согласно деловникот оваа седница ќе се одржува без присуство на јавноста. Степенот на класификација не го одредува собранието, ниту пак ги класифицира овие информации“, изјавила на седницата пратеничката Туфекџиќ.
Тезите пред стапување на должност пред Комисијата за надворешни работи денеска ги бранеа Оливер Крлиу, кој ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид, Игор Џундев кој ќе биде постојан претставник во меѓународните организации во Виена. На должноста вонреден и ополномоштен амбасадор треба да стапат и Горан Стевчевски во Унгарија, Ненад Колев во Виена, Абдулкадар Мемеди во ОАЕ, Сузана Зеленковска во Словенија, Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Шведска.