Обвинителство бара притвор за поранешни министри и актуелен пратеник
Основното јавно обвинителство бара притвор за четворицата поранешни министри и заменици, поради злоупотреба на службена должност, е наведено во нивното соопштение. Обвинителството ги сомничи поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев дека како раководители на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство случувале договори за закуп на земјоделско земјиште и дозволиле закупувачите да не плаќаат надоместок за закуп.
Обвинителството до сега открило 584 такви договори со што државната каса е оштетена за речиси милион ипол евра.Според последните информации од обвинителството, се уште се трага по актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер Љупчо Димовски.
Ацо Спасеновски беше министер за земјоделие во период од 2006 до 2009 година, по што во 2010 година замина на амбасадорка позиција во Украина. Неговиот наследник Димовски беше министер во период од 2009 до 2014 година. По него на таа позиција застана Цветков и неговиот мандат траеше до 2016 година.