Сенаторот Букер влегува во претседателската трка во САД
Големиот критичар на Доналд Трамп за имиграцијата и актуелен демократски сенатор Кори Букер, денеска објави дека ќе побара номинација на Демократската партија за петседателски кандидат на изборите во 2020 година. Тој е четвртиот американски сенатор кој објави кандидатура за претседател на изборите, а според американските медиуми, неговата кандидатура била повеќе од очекувана.
„Верувам дека можеме да изградиме земја во која никој не е заборавен и никој не е оставен“, вели Букер во видео објавено на неговата веб страница, и додава дека фокусот ќе му биде на создавање добри работни места и реформи во казнениот систем.
букер е познат и по борбата против изборот на Брет Кавано за судија во Врховниот суд.