Меј одлучна Брегзитот да биде на 29 март
Британската премиерка Тереза Меј останува одлучна во примената на Брегзит во предвидениот рок. Таа наведува дека ќе продолжи да бара од Брисел отстапки за договорот за излегување од унијата и покрај категоричното одбивање од Европската Унија да преговара повторно.
Во текстот објавен во Сандеј Телеграф Меј пишува дека е одлучна за примената на Брегзитот во предвидениот рок, а тоа е 29 март 2019 година.
Со ова Меј ја исклучува можноста за одложување на датумот како што предлагаа некои политичари деновиве. Меѓу нив е и шефот на дипломатијата Џереми Хант кој рече дека на тој начин би се добило време за усвојување на законите за примена на Брегзитот.