Поставен првиот поглавар на украинската независна црква
Новата православна црква на Украина денеска на церемонија во Киев го прогласи својот прв поглавар, митрополит Епифаниј. Церемонијата се одржа во катедралата Свети Софија во украинскиот главен град, а ја следеа десетици Украинци и официјални претставници на странски цркви. Претседателот Петро Порошенко, кој исто така ја следеше церемонијата вети основање на независна црква на Украина опишувајќи го денешниот настан како комлетирање на тој процес. Минатиот месец цариградскиот патријарх Вартоломеј го потпиша декретот за автокефалност на Православната црква во Украина, со што се стави крај на тривековната руска верска контрола во Украина.