Најмалку 39 Индијци се отруле од лош алкохол
Најмалку 39 луѓе од неколку села на северот на Индија починаа, а 27 се разболеа од евтин алкохол затруен со метанол, информираат денеска властите. Високи полициски извори информираа дека 26 луѓе починале во државата Утар Прадеш, а 13 во соседната држава Утараханд.
Жртвите се отруле во четвртокот за време на прослава.
Уапсени се осуммина осомничени трговци со нелегален алкохол, а 35 локални функционери се суспендирани, меѓу кои и 12 полицајци.
Смртните случаи поврзани со нелегален алкохол се вообичаени во Индија зашто сиромашните не можат да си дозволат друго. Илегалните пијалаци се поевтини и често содржат хемикалии како пестициди за да имаат посилно дејство. Продажбата на нелегален алкохол е многу профитабилна индустрија во Индија.