„Канцерогено општество“ бара конкретни мерки против загадувањето
Протест против загадувањето на воздухот во организација на иницијативата „Канцерогено општество“ се одржа денеска пред Собранието на Македонија. Демонстрантите два часа ја блокира крстосницата пред Парламентот со барање да се стави крај на отровниот воздух. Од иницијативата барат властите да го решат проблемот со регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и за излезе со конкретни мерки против загадувањето на воздухот.
„Власите да излезат со официјална стратегија и конкретни мерки за да не дозволиме повторно нашиот гради и република да бидат едни од најзагадените во светот“, велат од Иницијативата.
Тие упатија апели до сите екоздружнија и активисти за заедничко дејствување, а ги повика и граѓаните да се мобилизираат.