Снегот на Тибет уби илјадници животни
Снежното невреме на Тибет во западна Кина уби илјадници грла добиток и ги прекри патиштата со 45 сантиметри снег. Агенцијата Синхуа денеска објави дека локалните власти испратиле ветеринари, лекови и сточна храна во најпогодените подрачја. Селата во тој дел на Кина се наоѓаа на над пет илјади метри надморска височина, а работниците ги расчистуваат патиштата за да може да стигне помошта. Работата ја отежнуваат силните ветришта и движењето на снегот.
Исхраната на жителите на тибетските села многу зависи од стоката, пред сè од јаковите, козите и овците.
Острите зими се вообичаени во хималајскиот регион.