Кралот на Тајланд ѝ забрани на сестра си да се кандидира за премиер
Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгхорн ѝ забрани на својата постар сестра да се кандидира за премиер, што нејзината партија го прифати. Партијата Таи ракса чарт ѝ се заблагодари на принцезата Уболратани.
Тоа што принцезата вчера ја прифати кандидатурата претставуваше раскинување со традицијата според која кралското семејство не се меша во политика. Пред крајот на денот, кралот ја поништи одлуката, оценувајќи ја како непримерна и неуставна.
Да останеше кандидат, 67-годишната принцеза на изборите на 24 март ќе се соочеше со актуелниот премиер Прајтум Чан-о-чао, зад кого стои армијата. Тој беше водач на пучот од 2014 година за соборување на претходната влада.