Ќе се ревидира конкурсот на Министерството за култура
Сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета, стои во писмената изјава на министерот за култура Асаф Адеми. Конкурсот на Министерството за поддршка на проекти од културата предизвика низа негативни реакции откако вчера беше објавен.
Министерот Асаф Адеми кој е во работна посета на Берлин, преку соопштението вели дека ги проследил сите коментари и забелешки за конкурсот.
„Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата“стои во соопштението на Адеми.