Турција - Третманот на Кина кон Ујгурите е голема причина за срам
Турција го осуди третманот на Кина врз малцинство од турски муслимански Ујгури во таа земја. За Турција третманот врз Ујгурите е голема причина за срам за човештвото.
„Повеќе не е тајна оти Кина на основа на произволни обвинувања притворила повеќе од милион Ујгури во „концентрациони логори“ “, стои во соопштението од портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хами Аксој. Во соопштението се наведува и дека припадниците на Ујгурите се соочени со притисок и со систематска асимилација во западниот дел на Кина. Турција бара до властите во Кина да ги почитуваат човековите права.
Од Кинеската амбасада во Анкара ги нарекоа коментарите на Аксој „сосема неприфатливи“. Пекинг се соочува со зголемен меѓународен притисок поради своите политики кон Ујгурите и членовите на другите муслимански заедници кои зборуваат турски јазик во северозападниот регион Ксинџијанг.