Дачиќ - Разграничувањето предуслов за стабилни односи со Албанците
Разграничувањето на Косово и Метохија е еден од предусловите за трајно стабилните односи меѓу Србите и Албанците, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Но сепак тој додава дека тоа не е магично стапче, ниту пак е целосно решение.
Дачиќ за неделното издание на Блиц рече дека Србите во Косово мора да имаат долгорочни гаранции за безбедноста и просперитетот, да уживаат целосни граѓански и политички права, кои како што тојоцени „одамна не се случај“.
„Нашето историско и културно наследство мора да биде максимално заштитено, а државниот имот и имотот на нашите граѓани да се врати, насекаде каде е узурпиран. За сето тоа треба да постигнеме договор со Албанците и да добиеме гаранции од најважните земји
во светот“, рече Дачиќ.