На протестот во Белград се приклучија и студентите
под паролата “Разбудете се студенти-Еден од пет милиони” организирано дојдоа на протестот од студентскиот дом” 4 април “на Вождовец.
Првиот протест против насилството насловен „Стоп на крвавите кошули” се одржа во Крушевац на 30 ноември 2018 година, поради напад на еден од лидерите на Сојузот за Србија Борко Стефановиќ и уште двајца други активисти во градот.
Од 8-ми декември протестите се организираат секоја сабота во Белград.
На почетокот од организирањето на протестите, граѓаните побараа власта да престане со насилството врз неистомислениците и да се пронајдат лицата одговорни за нападот врз Борко Стефановиќ.
Барањата потоа се дополнуваа, а главното барање на протестите е оставка на Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на владејачката Српска напредна партија, како и слободни и фер избори.