Заев и Ципрас во Минхен ќе ја примат наградата „Евалд Фон Клајст“
Наградата „Евалд Фон Клајст“ денеска во Минхен ќе им биде врачена на премиерите на Република Северна Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Планирано е врачувањето на наградата да биде на посебна церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија, Флориан Херман.
Двајцата премиери во рамки на Минхенската безбедносна конференција ќе се обратат на заедничка панел дискусија. Премиерот Заев во Минхен престојува заедно со владина делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Џевад Адеми.