Раст на берзата, поскапи станови, стабилна бизнис клима се првите ефекти од очекуваното членство на Северна Македонија во НАТО. Власта очекува зголемување на странските инвестиции, повеќе работни места и свеж капитал, додека опозицијата обвинува дека тоа се празни муабети. Економистите внимателни, неопходни се реформи за да се искористат во целост можностите што ги носи членството.