Турција не се откажува од купувањето на рускиот одбранбен систем
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе продолжи со плановите за купување на напредниот систем за воздушна одбрана С-400 од Русија и покрај притисокот од САД за прекинување на договорот.
САД и дадоа неформален рок на Труција, која е членка на НАТО до 15 февруари да одговори на нивната понуда за продажба на одбранбениот систем Патриот во вредност од 3,5 милијарди долари. Ердоган порача дека Турција се уште е отворена за купување на системот Патриот.
Но, Вашингтон најави дека ќе ја повлече понудата доколку Анкара го оствари договореното со Москва. САД соопштија дека рускиот систем С-400 не може да се интегрира во воздушната одбрана на НАТО.