Манафорт се соочува со казна затвор од 19 до 24 години
Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп може да добие казна затвор од 19 до 24 години врз основа на пресудата за даночни и банкарски измами. Во дописот до судот на кабинетот на специјалниот советник Роберт Мулер се наведува дека Манафорт дејствувал повеќе од 10 години како да е над законот и казната треба да биде одговор на сериозноста на кривичните дела и да ги одврати другите од такво однесување.
Во дописот се посочува и дека возраста на Манафорт, кој има 69 години нема да му помогне во намалување на казната, бидејќи тој се обидел да влијае врз сведоци во случајот. Се уште не се знае датумот кога ќе му биде одредена казната на Манафорт.