Почина еден од повредените патници во несреќата кај Ласкарци
Еден од повредените во автобуската сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, починал во раните утрински часови. Станува збор за 39 годишен маж кој со тешки повреди бил задржан на лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Министерството за здравство соопшти дека патникот при несреќата се здобил со повреди на градниот кош и белите дробови. Со тоа бројката на жртви се искачи на 15 лица.
Директорот на КАРИЛ, Илир Хасани изјави дека вчера биле извршени две хируршки интервенции кај 20-годишната девојка која се здоби со тешки повреди на ногата во автобуската сообраќанка несреќа, но и покрај тоа нејзината состојба е критична.