Заев очекува посета на Ципрас во наредните месеци
Премиерот Зоран Заев денеска ијзави дека ја очекува првата посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас откако и земјата официјално е Северна Македонија.
„Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април, кога е најдобро за него. Потоа јас ќе ја посетам Атина, нешто што е многу добро, бидејќи често го посетувам Солун и сигурно ќе го посетам повторно. Но, во Атина, ќе дојдам за прв пат со владиниот авион на кој ќе пишува “Република Северна Македонија”, за да им покажам на нашите пријатели од Грција, од грчката Македонија, дека се држиме до договорот и сакаме пријателски односи со јужниот сосед“ изјави Заев за независната балканска новинска агенција (ИБНА) за време на безбедносната конференција во Минхен.
На Заев и на Ципрас вечерва во Минхен ќе им биде врачена наградата „Евалд Фон Клајст“.