Вучиќ не очекува оваа година да постигне договор со Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ не е оптимист дека во оваа година е можно постигнување на договор со Косово за нормализирање на односите. Тој во изјавата за австриската агенција АПА изјави дека ќе се бори за компромисно решение, но предуслов за продолжување на дијалогот е укинување на таксите кои властите во Приштина ги воведоа за српските производи.
Запрашан за предвремените избори во Србија поради протестите во земјата, Вучиќ истакна дека се уште не се дискутира за таквата можост и најважно им е решавањето на проблемот со Косово.