Лавров: Нема докази за мешањето на Русија во македонските работи
Rускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека обвинувањата за мешање на Русија во македонските работи се неосновани.
„Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази“, нагласи Лавров.
Според него, доколку Русија навистина го направила тоа би биле спроведени нови санкции и обиди за земјата да биде казнета. Тој порача и дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, но, изборот, според него, бил направен во корист на натоцентризмот.