Сончево време со слаб до умерен ветер
Временската прогноза за денеска е претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 13 Целзиусови степени, во Маврово 6, Охрид 11, Битола 10, Крива Паланка 12, Берово 9, Кавадарци 13 и Дојран 15 степени.