Еден од повредените во несреќата кај Ласкарци пуштен на домашно лекување
Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, а тројца од нив се во критична состојба. Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во сообраќајната несреќа кај Ласкарци. Министерството за здавство соопшти дека еден пациент вчера бил пуштен на домашно лекување.
Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се шест пациенти, од кои тројца на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба.
„Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од Неврохирургија“, соопшти Министерството за здравство.
Пациентката која се наоѓа во болницата во Тетово, според министерството, е во стабилна и добра здравствена состојба.