Иран ќе ги подобрува односите со сите земји од Блискиот Исток
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека властите се подготвени да ги подобрат односите со сите земји од Блискиот Исток со цел да се зачува безбедноста во регионот. Тој во телевизиско обраќање ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да направат поделби меѓу Иранците и дека неговата земја нема да подлегне на таквиот притисок.
Иран и Саудиска Арабија пак се на спротивните страни на војните во сирија и во Јемен. Саудсика Арабија го поддржува повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор.