Во Собранието вратено барањето за одземањето на имунитетот на Вељаноски
Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски е вратено од скопскиот Кривичен суд во Собранието, соопштија од собраниската прес -служба. Претседателот на Собранието, Талат Џафери барањето го доставил до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со претседава пратеникот, Павле Богоевски.
Џафери претходно го врати писмото поради грешка во повикувањето на член од законот. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница.
Вељаноски е осомничен во истрагата на јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.