Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Тензична расправа за имунитетот на Вељаноски

Во собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања во тек е расправата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски, кој десет години беше претседател на Собранието, а претседаваше и со седницата која резултираше со крвавите настани на 27 април 2017 година.


Вељаноски, кој е осомничен како еден од организаторите на случувањата во Собранието, пред членовите на комисијата, рече дека ни на крај не му паднало дека такво нешто, како на 27 април, може да се случи во Собранието.


Пратеникот од владејачкото мнозинство Горан Мисовски на почетокот на седницата извади камен за кој тврди дека го чува од крвавите настани и дека со него бил гаѓан од демонстрантите. На седницата дојде до тензична атмосфера откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да негодуваат за каменот, по што претседателот на комисијата Павле Богоевски даде пауза.


Инаку, поголем дел од дискусија се водеше за деловните прекршувања на денот на крвавиот четврток, а остануваат уште шест пратеници пријавени за збор.


Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски завчера беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.


Вељановски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристоски им беше одреден 30-дневен притвор. 


 


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *