Расте бројот на починати од труење со домашна ракија во Индија
Најмалку 133 луѓе починале, а околу 230 се хоспитализирани откако пиеле од нелегално произведен алкохол во североисточната индиска држава Асам. Овој настан следува откако пред две недели околу сто луѓе починаа од труење со нелегално произведен алкохол во северна Индија.
Полицијата соопшти дека десетина луѓе се приведени поради производство и продажла на нелегално направената ракија..
Труењето со алкохол е честа појава во Индија, каде што многу од жителите си произведуваат домашна ракија, затоа што сиромашните не можат да си дозволат да купуваат пијалаци во продавници.