Бразил: Забраната за хуманитарна помош е кривично дело
Бразил го осудува насилството што го примени власта на Николас Мадуро со кое оневозможи конвој од хуманитарна помош да ја премине границата, нарекувајќи го тоа „кривично дело“ по што ја повика и меѓународната заедница за да со здружени сили да се „ослободи“ јужноамериканскиот народ во таа држава. Во меѓувреме, полковникот на бразилската армија Џорџ Ферес Канан во изјава за новинската агенција Ројтерс посочува дека двајца војници од венецуелската гарда дезертирале и се придружиле на 60-те други војници кои ги напуштија своите места пред судирот на демонстрантите со полицијата на граничниот премин со Колумбија.