ДИК: Стартува јавниот увид во Избирачкиот список
Државната изборна комисија соопшти дека е започнат јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае заклучно со 14 март, до полноќ. Во овој период секој ден од 8:30 до 19 часот, вклучувајќи ги викендите и празниците, граѓаните увид во Избирачкиот список можат да направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или на нивната веб страница. Во Избирачкиот список се проверува состојбата на податоци на граѓаните и тоа на оние што наполиниле 18 години со важечка лична карта или пасош на денот на одржување на изборите, 21 април.
Барањата за запишување, бришење или дополнување на Избирачкиот список, граѓаните ќе мора да ги поднест лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.