Парламентарните избори во Молдавија на линијата меѓу Исток и Запад
Жителите на Молдавија денеска на парламентарните избори ќе избираат меѓу политички опции кои ќе го детерминираат патот на земјата кон Москва или кон ЕУ. Анкетите зајавното мислење покажуваат дека социјалистичката партија предводена од Игор Додонќе обезбеди најмногу гласови, но дека овие проруски социјалисти нема да имаат доволно поддршка за да го освојат целото мнозинство во Парламентот.Од другата страна, коалицијата АКУМ повикува на баланс меѓу Русија и Западот и нуди проевропска програма. Меѓународните набљудувачи стравуваат дека изборите ќе завршат без ни една од опциите да има доволно мнозинство за формирање на влада со што би настанал и период на нестабилност. На изборите им претходеше кампања со обвинувања за труење на двајца членови на коалицијата АКУМ како и затворање на лажни профили на Фејсбук поради ширење на лажни вести.