Заев - На пописот ќе има графа за етничка припадност
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во пописот што треба да се спроведе наредната година ќе има графа за етничка припадност на граѓаните, иако претходно се најавуваше дека тоа нема да биде случај, туку дека тие ќе може да се изјаснуваат само кој јазик им е мајчин.
„Се усогласивме дека ќе има графа за етничка припадност заради тоа што тоа е многу е важно и за помалубројните заедници. На пример ромската заедница многу малку или поретко го употребува својот мајчин ромски јазик и ако само јазикот биде во делот на графата, тогаш тоа може да не доведе до вистинска бројност на таа заедница“, рече Заев пред промоцијата на Оперативниот план за вработување за 2019.
Од тие аспекти, потенцира премиерот, како солидарни припадници на поголемите етнички заедници донесовме одлука и изградивме заеднички став да го охрабриме и ЕУРОСТАТ и Државниот завод за статистика да ја има графата за етничка припадност.