Невремето „Океанис“ создава проблеми во Грција
Градинките, основните и средните училишта во повеќе делови на Грција денеска се затворени поради лошото време и ниските температури, додека пак на трите атински пристаништа има забрана за пловидба на дел од бродовите, јави дописничката на МИА од Атина.
Невремето од изминатите денови, кои го носи името „Океанис“ создаде сериозни проблеми во Грција.
Во северна и централна Грција, на дел од островите и во неколку атински општини градинките, основните и средните училишта денеска се затворени.
Во саботата, за време на фудбалскиот натпревар од првата грчка лига меѓу АЕК –Аполон Смирни, поради силниот ветер, рекламна табла падна врз фотограф од грчката новинска агенција АНА-МПА, кој за среќа е не повреден.