Од утре потопло, од викендот пак заладување
Пораст на дневните температури што ќе достигнат и до 20 степени најавуваат од утре метеоролозите. Од УХМР информираат дека до петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.
Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот. Дневната температура утре ќе се движи од седум до 14 степени, в среда од четири до 11, в четврток од седум до 14, петок од 13 до 20, сабота од девет до 16 и недела од пет до 11 степени. Утринските температура сè уште ќе бидат под нулата.